Фудбалерите на Васко де Гама имаат интересен начин за одлука кој ќе шутира слободни удари, а среќата му се насмевна на колумбискиот репрезентативец Фреди Гверин.
Со познатата детска игра во која победник е тој што ќе погоди колку прсти ќе покаже едниот од трите играчи, победник беше Гверин. Улогата да „лежи“ му припадна на Бастос, а учествуваше и Пикачу.
За да биде посмешно во целата ситуација им се вмеша и фудбалер на Шапекоенсе, екипа против која играше Васко де Гама.
https://twitter.com/globoesportecom/status/1203763913105559552?s=20
Мечот беше без големо резултатско значење и заврши нерешено 1:1. Васко ќе игра квалификации за Копа Судамерикана, а Шапекоенсе испадна од Серија А во Бразил.