Голема трагедија за македонската одбојка стаса со ветса дека почина поранешниот младински репрезентативец Дени Стојчев. Имаше само 32 години, а е поранешен одбојкар на Џио Струмица и член на македонската репрезентација во младинските категории.
Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009 година.
Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.