Фајтерски ќе биде дуелот Салцбург-Ливерпул, Интер ќе ја победи Барселона

Салцбург – Ливерпул (18:55 ч.)

Салцбург се покажа како најпријатно изненадување во ЛШ. Тим кој игра фајтерски, атрактивно со цел да постигне гол повеќе од противникот. Затоа и во петте досегашни меча има гол-разлика 16 дадени и 11 примени гола, што е просек од повеќе од пет погодоци на меч.

Австријците сонуваа за едно вакво сценарио – на свој терен во последното коло против европскиот првак да решаваат дали ќе продолжат во нокаут-фазата. Ливерпул треба да покаже зошто е европски владетел, па се очекува вистинско шоу и многу голови.

Предлог тип: ГГ4+ (1.95)

 

Ајакс – Валенсија (21 ч.)

Ајакс не сака се му се повтори ланскиот шок, кога во последната секунда на свој терен прими гол од Тотенхем и беше елиминиран во полуфиналето од ЛШ. Овојпат влогот е пласман во нокаут-фазата, а гигантот од Амстердам не смее да загуби. Со еден освоен бод, Ајакс е сигурен патник во следната фаза, додека гостите ќе мора да атакуваат.

Интересно е што Ајакс славеше на гости во Валенсија, и тоа убедливо со 3:0, а Холанѓаните немаат пораз и во претходните две средби со овој ривал (два пати било 1:1).

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.74)

 

Челзи – Лил (21 ч.)

Меч на кој „децата“ од Челзи треба да покажат дека пораснале на едно повисоко ниво. Лондончани сами ја имаат судбината во свои раце и со победа се сигурно во нокаут-фазата. Лил нема никакви шанси за останување во Европа, а само со три дадени гола во пет меча, гостите не би требало да бидат закана на „Стемфорд бриџ“.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.85)

 

Интер – Барселона (21 ч.)

За домаќините е да се биде или не, додека гостите делуваат прилично незаинтересирано ако се знае дека ќе играат без Лионел Меси и Жарарт Пике. Во последните девет меѓусебни средби, Интер има само една победа, што покажува дека тешко им оди со каталонскиот гигант.

Сепак, фактот дека Интер игра на „Џузепе Меаца“ и дека мора да победи е најава за погодоци.

Предлог тип: 1& 3+ (2.25)

 

Лион – Лајпциг (21 ч.)

На Лион ниту победа не му гарантира дека ќе биде во нокаут-фазата, но фактот дека го победија Лајпциг на гости дава право францускиот тим да се надева на триумф. Бундеслигашот е сигурен дека ќе презими во ЛШ, па ќе игра без поголем притисок.

Освен фокусирани на случувањата на теренот, навивачите на Лион ќе го следат и резултатот од мечот Бенфика – Зенит, каде што е потребно гостите да не победат.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

Во понудата на Sport Life како квоти на денот може да играте: 

Салцбург – Ливерпул 2 & 1+пол. (2.25)

Борусија Д. – Славија П. Т1 1+ I&T1 3+ (2.40)

Интер – Барселона 1Х&ГГ (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести