Што ќе направи Реал Мадрид во 15-тото коло од Спортска прогноза?

Додека трае дилемата за тоа кои ќе бидат екипите кои ќе обезедат место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, а кои ќе презимат и во Лигата на Европа, имате шанса да го започнете прогнозирањето за следното 15-то коло на Спортска прогноза.

Во новото коло ви нудиме 13 нови парови од најатрактивните првенства во Европа, плус два резервни пара кои влегуваат во трката за Генерален пласман. Целта е иста, да се погоди Среќна 13-ка, која може да ви донесе освојување на мобилен телефон iPhone XS.

Добивки секогаш има и за оние кои имаат по 12 и 11 погодоци. За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ката е за ваучер од 500 денари.

Меѓу понудените мечеви, најатрактивен е тој во Валенсија, каде што домаќините го пречекуваат Реал Мадрид. Кралскиот клуб има пеколен распоред бидејќи само три дена по ова тешко гостување им следи Ел Класико, и тоа на теренот на Барселона.

И останатите 12 парови кои се на понудата на ова коло на Спортска прогноза се интересни и привлечни за типување, па затоа не чекајте многу и ПРОГНОЗИРАЈТЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести