Неколку часа пред клучниот натпревар на Челзи против Лил во Лигата на шампионите се сретнаа младинските состави на овие две екипи во рамките од младинската ЛШ. Екипите на Челзи и Лил до 19 години ремизираа при конечни 1-1, а голот на домаќините во 15-тата минута е прилично бизарен.
Во обид да се спречи опасниот напад на играчите во сини дресови, дефанзивецот на гостите за малку ќе ја сместеше топката во својот гол да не беше реакцијата на неговиот голман. Сепак, ситуацијата и натаму беше опасна, а друг играч на Челзи од еден метар пред голот успеа да ја погоди гредата, па одбиената топка удри во противнички играч. Голманот уште еднаш се обиде да интервенира, но топката целосно ја помина гол-линијата, по што судијата покажа кон центарот.