Лук Шоу се пошегува со својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, и му посака добредојде во истото друштво во Лигата на Европа, во кое се и Црвените ѓаволи.
Интер не успеа да го победи комбинираниот тим на Барселона и испадна од Лигата на шампионите, доволно за Шоу да му фати сеир на шпицот на Интер.
„Добре дојде назад во Лигата на Европа“, напиша бекот на Манчестер јунајтед на „Твитер“, гарнирано со фотографија на Лукаку.
https://twitter.com/LukeShaw23/status/1204540663267831808?s=20
Белгиецот летово се пресели од Манчестер јунајтед во Интер и игра одлично, дава голови и асистира, но и тоа не беше доволно Нераѕурите да ја минат првата фаза по групи во Лигата на шампионите, па се селат во Лигата на Европа.
Интер заврши на третото место во својата група, зад Барселона и Борусија Дортмунд, иако италијанскиот тим имаше сè во свои раце. Загубија со 1:2 од Барселона и испаднаа од ЛШ, па му се приклучуваат на Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.
Ждрепката е во понеделник, во Нион.