Мајами губеше со шест поени на минута до крајот, а победи со 14 разлика (Видео)

Мајами хит ја победи Атланта хоукс со 135:121 дури по продолжението од пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 117:117. Домаќините беа на чекор од пораз бидејќи на една минута до крајот губеа со шест разлика, но со тројките на Данкан Робинсон и Џими Батлер успеја да се изборат за нерешено и продолжение.

Интересно е што кога Атланта поведе со 117:111, ѕвездата на гостите, Јанг, покажуваше дека мечот е готов, но на крајот токму тој се чудеше како може неговиот тим да загуби со 14 разлика.

Во дополнителните пет минути следуваше неверојатна серија на Жешките од 16:0 и беше јасно дека ќе стигнат до убедлив триумф. Мајами во своите редови имаше дури тројца играчи кои постигнаа над 30 поени, а двајца кои остварија трипл-дабл. Батлер заврши со 20 поени, 18 скока и 10 асистенции, а Бам Адебајо имаше 30 поени, 11 скокови и исто толку асистенции. Робинсон заврши со 34 поени, од кои погоди 10 тројки, додека Кендрик Нун имаше 36 поени.

Мајами сега има биланс од 18 победи и 6 порази и уште е без пораз на свој терен, додека Атланта по овој пораз е со скор од 6 победи и 18 порази.

https://youtu.be/eIeG1TFNwVo

Во останатите мечеви кои се играа утрово во НБА: Шарлот – Вашингтон 114:107, Филаделфија – Денвер 97:92, Портланд – Њујорк 115:87.

- Оглас -

Најнови вести