Се појави срамната снимка поради која славниот одбојкар беше уапсен (Видео)

Францускиот одбојка, Ервин Нгапет за време на Светското клупско првенство во бразилскиот град Бело Хоризонте на една забава фати една 29-годишна девојка за задникот, по што полицијата го уапсила за сексуално вознемирување.

Французинот беше во притвор. Кога се појави пред суд, ја призна својата вина и плати кауција од 50.000 долари. Тој се бранел дека мислел дека девојката била од неговиот тим Зенит од Казан и се извини, а всушност девојката не го знаела и во клубот беше дојдена со нејзиното момче и уште еден пријател.

Ова не е првпат Нгапет да ги крши законите. Пред три години беше осуден на три месеци затвор поради удирање на кондуктор во воз.

Се појави и снимка од камерите во клубот, на која се гледа како Французинот ја фаќа девојката:

https://www.youtube.com/watch?v=0Qww8iNB32w

- Оглас -

Најнови вести