Модрите имаат среќа: Гојак лесно можеше да поцрвени за немилосрдниот потег (видео)

Динамо Загреб и Манчестер сити се во резултатски егал по првите 45 минути од мечот на „Максимир“. На хрватскиот првак му треба триумф за евентуално да се надева на пласман во нокаут-фазата, но Граѓаните засега не се даваат, целта на Гвардиола е без пораз да се заврши настапот во групите.

Домашниот состав иако добро се држи, за малку ќе останеше со играч помалку на теренот. Гојак можеше да биде санкциониран по опасниот старт врз Родри. Играчот на Динамо безмилосно го удри Шпанецот со лакотот во лице. Сепак, ситуацијата помина без дополнителна драма. Иако имаше проверки и од ВАР-собата, судијата Дел Серо одлучи да не покаже црвен картон.

Инаку, Динамо поведе преку Олмо во 10-тата минута, Жесус израмни по половина час игра.

 

https://twitter.com/jross075/status/1204834945904119808

- Оглас -

Најнови вести