Атлетико Мадрид ја држи судбината во свои раце по реализираниот пенал на Жоао Феликс против Локомотив Москва. Јорганџиите минималното водство од 1-0 дефинитивно ќе се пласираат во осминафиналето, без разлика на исходот од мечот меѓу Леверкузен и Јувентус.
Судијата Касаи додели најстрога казна во корист на домаќините уште во првата минута, но Трипие не ја искористи шансата. Поминаа само 15 минути кога унгарскиот арбитар повторно се консулиташе со ВАР-собата, по што досуди нов пенал во корист на тимот на Симеоне, а овојпат Феликс се погрижи топката да ја затресе мрежата.
Возбудливо е во Минхен, каде Баерн води со 2-1 против Тотенхем по првиот дел. Коман отвори за Баварците во 14-тата минута, а првенец во дресот на Тотенхем запиша младиот Рајан Сесењон пет минути подоцна. За водечкиот гол реализратор беше Милер пред истекот на 45-тата минута.
Икарди и Сарабија му донесоа на ПСЖ удобно водство од 2-0 против Галатарај, додека на останатите три меча: Леверкузен – Јувентус, Олимпијакос – Црвена ѕвезда и Клуб Бриж – Реал Мадрид мрежите мируваат.