По два дена возбудувања во Лигата на шампиони, вечерва на програмата се 24 дуели во Лигата на Европа. И второто по ранг натпреварување на УЕФА нуди возбудливи мечеви, а има екипи кои треба да се апсолутни фаворити, посебно кога играат на свој терен. Затоа ви нудиме пет меча кои ако се спојат во еден тикет, има голема шанса за добивка. Се работи за пет „КЕЦА“.
Некогашниот европски првак Милан на свој терен игра против Бетис. Иако противникот е од шпанската Примера, сепак, кога „росонерите“ играат на свој терен, тие се фаворити. Бетис нареди два порази во низа во првенството, но во Лигата на Европа уште нема примено погодок. Победа на Милан е со коефициент 1.90.
Од „Стемфорд бриџ“ поразени си заминувале многу големи европски клубови, па гостувањето на БАТЕ Борисов не треба да биде проблем за лондонскиот тим да освои нови три бода.Очигледно е дека Челзи се штеди во ЛЕ, бидејќи на двата меча победи минимално само по 1-0, но и тоа е доволно за максимални шест бода. Со нова победа, тимот ќе биде речиси сигурен за нокаут-фазата, па сигурно ќе сакаат да си ја завршат домашната задача. Триумф на Челзи е со коефициент 1.16
Ајнтрахт е во страшна голгетерска форма, па Аполон нема што да бара на гостувањето во Франкфурт. Германскиот тим даде дури 20 гола во последните два меча. Во Бундеслигата со 7-1 ја победи Фортуна Диселдорф, а претходно на пријателски меч против нисколигашот Ханау даде 13 погодоци. И ако се види табелата во ЛЕ, кипарскиот гостин нема што да бара во Германија освен да се врати со пораз. За три бода на Ајнтрахт се дава коефициент 1.46
Кога Севилја и Вилјареал играат пред својата публика, тогаш може да бидат победени и екипи какви што се Барселона и Реал Мадрид. Затоа нема дилеми дека вечерва овие два шпански претставници во Лигата на Европа ќе се радуваат на триумфи против Акхисар, односно Рапид Виена. Коефициентот на Севилја е 1.12, додека за победа на Вилјареал има коефициент 1.37