Го претепаа и го соблекоа гол (Фото+Видео)

Пред дуелот на ПСЖ и Галатасарај од Лигата на шампионите, кој францускиот тим го доби со убедливи 5-0, низ улиците на Париз имаше големи инциденти, во кои најлошо мина еден навивач на ПСЖ, кој беше претепан и соблечен гол. Тој наводно ги испровоцирал Турците со палење на турското знаме.

Инцидентот почнал кога навивачи на Галата запалиле факли и удирале градски автобус кој се обиделе да го запалат. Полицијата интервенираше и ги растера хулиганите со солзавец. Потоа се судриле со група навивачи на ПСЖ кои се упатиле кон стадионот. Полицијата и тука морала да интервенира и да воспостави ред и да спречи незгоди. Има само еден полесно повреден во нередите и брзо бил пуштен од болница. Се претпоставува дека е фанот кој беше соблечен гол. Овие два клуба 18 години немаа играно еден против друг, па навивачите како одвај дочекаа реванш бидејќи во 2001 година навивачките групи се тепаа на трибините.

https://twitter.com/i/status/1204836414573162496

- Оглас -

Најнови вести