Ливерпул руши рекорди, ама имаше милост против Ватфорд

Ливерпул не помислува да го намали темпото во Премиер лигата и стигна до 16-тата победа во 17. коло, откако со 2:0 славеше против Ватфорд. Црвените беа апсолутни фаворити на свој терен, но имаа милост во дуелот со последнопласиранот тим на табелата.

За да нема изненадување, Мохамед Салах даде по еден гол во двете полувремиња. Сега Салах има осум голови во дуелите со Ватфорд и на ниту еден тим во Топ 5 лигите му нема дадено повеќе голови.

Со оваа победа, Ливерпул стигна до јубилејниот 100-ти меч без пораз (91 победа и 9 реми), кога на „Енфилд роуд“ имале водство на полувремето. Последен пат да водат дома и на крај да загубат е во декември 2009 година од Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести