Милот Рашица постигна прекрасен гол за Вердер на гостувањето кај Баерн Минхен, но германскиот првак до полувремето успеа да израмни. Рашица прифати една топка на својата половина, но направи одлична соло акција и од околу 20 метри биеше прецизно за водство на Вердер.
До крајот на првото полувреме Баерн успеа да даде два гола. Најрво Кутињо во 45 минута израмни на 1:1, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување погофи и Роберт Левандовски за предност од 2:1 на шампионот.