Лестер повеќе од два месеци знаеше само за победи во Премиер лигата, но тоаа низа денеска сопре. Лисиците беа големи фаворити во дуелот со Норвич, но одигра само 1:1 на стадионот „Кинг Пауер“ и со тоа ја прекина серијата од осум победи во првенството.
Најдобриот играч на Норвич, Тему Пуки го најави изненадувањето со гол во 26 минута, а Лестер успеа да израмни благодарение на автоголот на голманот Тим Крул. Иако имаше уште речиси еден час игра, Лестер не успеа да даде втор гол, па сега заостанува 10 бода зад лидерот Ливерпул.
Шокиран на свој терен беше и Челзи. Лондончани загубија од Борнмут со 0:1, а погодокот на гостите го даде Гослинг во 84 минута. За Челзи ова е четврти пораз во последните пет меча во Премиер лигата, па тимот едноставно може да се откаже од титулата, затоа што веќе заостанува 20 бода зад лидерот Ливерпул.
Дега победата на Борнмут не е случајна покажува и традицијата. Откако овој тим влезе во Премиер лигата во 2015 година, ова е трет пат да се радува на „Стемфорд бриџ“, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во овој период.
https://twitter.com/i/status/1205891374135926784