Лоша вест за Арсенал пред дербито со англискиот првак

Во пресрет на дербито против актуелниот англиски првак Манчестер сити, Арсенал потврди дека нивниот лев бек Киран Тирни ќе мора да операција поради фрактура на десното рамо. Шкотскиот бек се повреди во мечот против Вест хем во претходното коло од Премиер лигата, а се претпоставува дека ќе мора да паузира најмалку три месеци.

Тирни при преселбата од Селтик во Арсенал изминатово лето пристигна повреден, а од крајот на септември почна да игра стандардно кај Унаи Емери, но и сега кај Љунберг. Сепак, новата повреда го оневозможи да го задржи местото во стартниот состав на Топчиите, а се случи во клучен период кога лондончани треба да ги одмерат силите против екипата на Пеп Гвардиола.

Дебрито од 17-тото коло во Премиер лигата кое ќе се игра на „Емирати“ е закажано за утре во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести