Холанѓанките се новите ракометни владетелки со светот, откако во финалето славеа со минимални 30:22 против селекцијата на Шпанија. Лалињата во вториот обид стигнаа до првата светска титула, а со неа обезбедија и директен пласман на ЛОИ 2020 во Токио.
Црвената фурија практично го прокоцка златото. Имаа фуриозен старт со +4 при резултат од 9-5, а потоа Холанѓанките го засилија темпото, па следуваше пресврт пред паузата при предност за Холандија од 16-13. Лалињата и во вториот дел продолжија да го полнат противничкиот гол, но падот на концетрацијата ги доведе до ситуација да стравуваат за тешко избореното водство.
Во последната минута се влезе со егал од 29:29, Шпанија не искористи напад за победа, а поради обструкција судиите доделија пенал за Холандија во последните пет секунди, кој се претвори во гол вреден за првата светска круна.
Преттходно во битката за трето место славеше Русија со 33:28 против репрезентацијата на Норвешка.