Тибо Куртоа одлучи да оди во напад во последните моменти на дербито од Ла Лига против Валенсија, а излетот во 94-тата минута му се исплатеше и го спаси Реал Мадрид од пораз на „Месталја“.
Куртоа беше највисок во скокот при последниот напад, упати удар, а во мешаницата Карим Бензема беше најприсебен и погоди за спас и израмнување на 1:1.
https://www.youtube.com/watch?v=1GOkfALLSrI
Претходно Карлос Солер во 78-мата минута ѝ донесе предност на Валенсија, но Лилјаците не издржаа и примија гол во последниот напад на мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=vnAe7WyrjQA
Реал Мадрид сега го дели второто место со 35 бода, колку што има и Барселона, а Валенсија остана на осмото место со 27 бода.