Сент Етјен загуби убедливо со 0:4 од Пари Сен Жермен, а во самиот финиш на мечот судијата Буке одлучи да ги испрати во соблекувална играчите на двата тима по пиротехничкото шоу на домашните симпатизери.
Поразот не им пречеше на навивачите да си го спроведат планот и речиси ја запалија трибината зад голот, па во 89-тата минута судијата означи крај на мечот.
Fireworks during Saint-Étienne – PSG that led the match to be ended at the 89′ minute mark from soccer
Веќе беше сè одлучено, па решението на Буке испадна правилно бидејќи дел од факлите летаа и на теренот. Килијан Мбапе постигна два гола, а по еднаш прецизни беа Паредес и Икарди.
Нејмар утна пенал во 62-рата минута, а домаќините играа долго со фудбалер помалку по исклучувањето на Ахолу во 25-тата минута.