Гонзало Гарсија има чудно барање, барем според реакцијата на водечките луѓе во Твенте, а не му се доволни 12-те нови играчи што беа купени во последниот летен преоден период, па бара уште засилувања.
„Имаме пари за засилувања, но премногу оптимистички звучи барањето на тренерот да се засилиме во сите линии на теренот. Можеме да купиме лев бек бидејќи договорот на Калвин Вердонк е важечки до крајот на сезоната и ништо повеќе“, вели генералниот менаџер на Твенте, Пол ван дер Кран.
Член на 12-топласираната екипа во Ередивизија во Холандија до неодамна беше нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, а една сезона, 2017/18, играше за тимот од Еншеде.