Заклучени трибини на неодредено време – Сурова казна за симпатизерите на Сент Етјен

Пиротехничкото шоу, но и тепачката со симпатизерите на Пари Сен Жермен скапо ќе ги чини и Сент Етјен и неговите навивачи по одлуката на Француската фудбалска федерација на неодредено време да ги затвори трибините за посета на фудбалските натпревари на 10-кратниот првак.

Сент Етјен загуби со 0:4 од ПСЖ во меч од француското првенство, а пред завршувањето на дуело,т симпатизерите на домашниот тим и буквално ја запалија трибината зад едниот гол со пиротехничко шоу. Но целата ситуација ескалираше кога почнаа да фрлаат факли на теренот, па двајца членови на обезбедувањето се повредени.

Судијата Буке одлучи да го заврши мечот во 89-тата минута, а казната што ја изрече Федерацијата е драконска. На неодредено време ќе нема навивачи на ниту една трибина на стадионот „Жофруа Гишар“, па Сент Етјен, кој е најтрофеен клуб во Франција, со Олимпик Марсеј ќе игра без поддршка од публиката на непознат број натпревари, додека Федерацијата не одлучи поинаку.

- Оглас -

Најнови вести