Изминатиот викенд во Загреб се одржа „Фајт нејшн чемпионшип“ турнирот во мешани боречки вештини. Во еден од мечевите во кој се сретнаа босанскиот борец Ади Дураковиќ и Аргентинецот Франциско Барио се случи доста необична ситуација.
Откако судијата даде знак дека борбата може да почне, двајцата борци кружеа во октагонот, а веќе по 10 секунди борбата заврши. Дураковиќ наводно се пожалил дека почувствувал силна болка во градите и притоа му се поматил видот. Судијата веднаш означи крај, набрзо потоа на Дураковиќ му била укажана лекарска помош откако изгубил свест, по што бил пренесен во болница.
Victoria del argentino Francisco Barrio ante Adi Durakovic en Croacia. Rarisimo lo que paso. Veanlo ustedes mismo pic.twitter.com/0uthIgQ47e
— Barrele la pierna (@Barrelelapierna) December 14, 2019
Victoria del argentino Francisco Barrio ante Adi Durakovic en Croacia. Rarisimo lo que paso. Veanlo ustedes mismo pic.twitter.com/0uthIgQ47e
— Barrele la pierna (@Barrelelapierna) December 14, 2019