Мурињо со Тотенхем против „неговиот“ Челзи: Најголем предизвик во новото коло на Спортска прогноза

Типувањето во новото 16-то коло на Спортска прогноза веќе е во тек. Од завчера сите прогнозери се во можност да ги прогнозираат исходите на 13-те меча од основната понуда и двата резервни пара, а тоа можете да се направи сè до сабота, до 16 часот, за кога е закажан почетокот на првите натпревари кои се од англиската Премиер лига.

Сериозна задача за сите прогнозери ќе биде да се погоди исходот на градското дерби во Англија меѓу Тотенхем и Челзи, кое е закажано за недела од 17:30 часот.

На резервната клупа овојпат ги оставивме мечевите меѓу Валјадолид и Валенсија, односно Сасуоло и Наполи, но точно погодени исходи на овие два дуели се многу важни во битката за Генерален пласман. Тука продолжува супер интересната трка за лидерската позиција, која носи убава награда. Смарт телевизорот од 48 инчи ќе го краси домот на шампионот во нашата бесплатна игра.

Засега со 106 поени врвот го чува Христијан, а зад него во клубот 100 има уште 13 учесници. До крајот на втората сезона на Спортска прогноза има доста време, па сè уште има шанса за сите да се обидат да ја решат енигмата 13+2 и да добијат „ајфон“ и, секако, да бидат во игра за вредните награди во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести