Реал Мадрид имаше дводневна кралска авантура низ регионите во Шпанија, каде што клубот и не е најомилен, а по ремито во фудбалското Ел Класико против Барселона на „Камп ноу“ вчера, вечерва кошаркарскиот погон на славниот спортски гигант славеше победа во Баскија.
Во Виторија Гастез, Реал убедливо го победи домаќинот Басконија со 77:55 и со 12-та победа се искачи на второто место во Евролигата.
That Argentina connection 🙌@facucampazzo 🤝 @gabriel_deck#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/tj9Tf1mDDP
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 19, 2019
Во меч со малку кошеви имаше само четворица кошаркари со двоцифрен учинок. Кај гостите од Мадрид најефикасен беше Џордан Мики со 15 поени, а Руди Фернадес постигна 12.
Кај Виторија, која го доживеа деветтиот пораз во 15 меча, Шевон Шилдс беше прв стрелец со 14 поени, пред Торнике Шенгелија со 10.