БиХ нема да оди на ракометното ЕП?

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина може да не игра на Европското ракометно првенство. Потпретседателот на ракометната Федерација, Асим Шахман, потврди дека поради блокада на сметката на Федерацијата и долг од околу 850.000 евра, можно е да не започнат подготовките за Европското првенство кое следниот месец ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка.

Селекцијата на БиХ за првпат во историјата обезбеди учество на континенталниот собир, но доколку не се соберат пари, може воопшто да не биде дел од турнирот.

„Немаме ни марка за подготовки. Во овој момент не знаеме ни дали ќе ги започнеме подготовките. Сите очекуваат работите некако да се решат во последен момент бидејќи е срамота да не одиме на ЕП. Сепак, ако државата не помогне, нема друга опција“, вели Шахман за „Дневни Аваз“.

Според ждрепката, БиХ треба да биде во група со Франција, Норвешка и Португалија, а мечевите треба да ги игра во Трондхајм.

 

- Оглас -

Најнови вести