По повод 100-годишнината од постоењето на фудбалот во Србија, вечерва во Белград се одржа свеченост на која присуствуваа многу познати ликови од светот на спортот и тоа не само од Србија. Во главниот град на нашиот северен сосед дојде и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.
„Србија секогаш била спортска земја и неисцрпен расадник на таленти. Сите знаат за вашите играчи и фудбалски работници. Имате и ривалство на Ѕвезда и Партизан кое го крева фудбалот и такво ривалство имаат само големи фудбалски земји. Сега ќе се обратам и како претседател на УЕФА, а не само како пријател од Словенија. Драги пријатели, ве очекуваме на ЕП, заслужувате да бидете таму“ – рече Чеферин во говорот.
Меѓу гостите беа речиси сите најголеми српски фудбалери од минатото, а за првпат во јавноста во Белград после објавување на болеста се појави и Синиша Михајловиќ во друштво на Дејан Станковиќ. Михајловиќ доби награда за најдобар српски тренер во 2019 година.
Душан Тадиќ од Ајакс е играч на годината.