Откриено зошто немаше пенали за Реал на Ел Клaсико

Реал Мадрид уште жали што не победи на „Камп Ноу“ против Барселона, во Ел Класико кое се играше завчера. Кралскиот клуб не може да се помири со фактот дека не беше досуден ниеден пенал за гостите, иако имаше две сомнителни ситуации за кои мадриѓани веруваат дека требаше да има удар од белата точка.

Во првата ситуација, Ракитиќ го влечеше Вардан во шеснаесетникот, додека во вториот спорен момент Варан доби удар во ногата од Ленгле. Во двете ситуации судијата Ернандес Ернандес не реагираше. Шпанскиот новинар Хуан Карлос Риверо открива зошто судијата не досудил пенал.

„Добивме информации дека судијата Ернандес Ернандес добил посебни упатства пред почетокот на мечот. Првото упатство е дека пенал може да се досуди само во ситуација во која ќе биде очигледен прекршок, а второто упатство е дека мора да внимава како би доделил втор жолт картон. За да добие некој играч втор жолт картон, тоа треба да биде прекршок како за директен црвен“, објаснува Хуан Карлос Риверо.

Од Реал не сакаат да се помират со фактот дека немаше пенал за нив, па шпекулациите се дека мадриѓани дури ќе побараат аудио снимки од ВАР собата.

 

- Оглас -

Најнови вести