Петта во низа за Денвер и историски трипл-дабл на Јокиќ (видео)

Денвер против Минесота ја запиша петтата последователна победа со конечни 109:100 за подвиг на втората позиција во Западната конференција. Нагетси предводени од Никола Јокиќ и неговиот 33-ти трипл-дабл учинок во кариерата ги надиграа Волците, а уште од самиот почеток на средбата беше јасно дека Денвер ќе остане непоразен пред своја публика во овој дуел.

Со новиот троен учинок, Јокиќ го помина Ражон Рондо, а се изедначи со Боб Коузи 10-тото место на вечната листа, како единствен Европеец во оваа категорија. Најефикасен играч на средбата беше Џамал Мареј со 28 поени, додека Вигинс со 19 поени од противничката страна беше најрасположен играч.

Единствената „двојка“ од вкупно 10 натпревари кои се одиграа ноќеска, ја оствари Далас на гостувањето во Филаделфија. Маверикс славеа со 117:98, а во отсуство на одличниот Лука Дончиќ, блеснаа курпулентниот Порзингис и Хардавеј јуниор.

Летонскиот џин мечот го заврши со дабл-дабл од 22 поени и 18 скока, Хардавеј реализира 27 поени, што беше доволно да се засени Ембид и неговите 33 поени и 17 скока.

Oстанати резултати:

Кливленд кавалирс – Мемфис гризлис 114:107, Индијана пејсерс – Сакраменто кингс 119:105, Бостон селтикс – Детроит пистонс 114:93, Торонто репторс – Вашингтон визардс 122:118, Мајами хит – Њујорк никс 129:114, Оклахома сити тандер – Феникс санс 126:108, Портланд трејлблејзерс – Орландо меџик 118:103, Голден стејт вориорс – Њу Орлеанс пеликанс 106:102.

- Оглас -

Најнови вести