Блинд префрлен во болница поради срцеви проблеми

Дефанзивецот на холандскиот гигант Ајакс, Дејли Блинд, утрово бил префрлен во болница, каде му било дијагностицирано дека има воспаление на срцевиот мускул. Блинд одреден период ќе мора да остане во болница, што значи дека ќе пропушти дел од следните мечеви.

Дека сепак најверојатно не е ништо посериозно потврди и самиот играч кој преку социјалните мрежи се заблагодари на сите за поддршката.

https://twitter.com/BlindDaley/status/1208360481490178048

Блинд има 29 години, а е дете од школата на Ајакс. Во 2008 година дебитираше за гигантот од Амстердам, каде остана до 2014 година. Потоа направи трансфер во Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“ помина четири сезони, а потоа повторно се врати во дресот на Ајакс.

 

- Оглас -

Најнови вести