ВАР на Шефилд му поништи два гола, но пак победи

Четири победи на гостите во петте меча кои се играа од 16 часот во Премиер лигата. Само Њукасл јаспаси честа на домаќините, па победија минимално со 1:0 против Кристал Палас. Алмирон погоди во 83 минута за радост на домашните фанови.

Шефилд даде три гола, но на крајот со 1:0 го победи Брајтон. По прегледување на ВАР системот, на гостите им беа поништени два погодоци, но и покрај тоа, на крајот се радуваа, бидејќи голот на Мекбрајн беше регуларен. Шефилд е тимот со убедливо најмногу поништени голови сезонава во Премиер лигата. Со овие два гола, вкупно четири пати ВАР технологијата ја скрати радост на фудбалерите на Шефилд.

Резултати од денешни мечеви: Евертон – Арсенал 0:0, Астон вила – Саутемптон 1:3, Борнмут – Барнли 0:1, Брајтон – Шефилд 0:1, Њукасл – Кристал палас 1:0, Норич – Вулверхемптон 1:2.

 

- Оглас -

Најнови вести