Ајзеа Томас отиде на трибина да се расправа со навивачите кои го навредуваа (Видео)

Чудна ситуација го одбележа дуелот меѓу Филаделфија и Вашингтон. Плејмејкерот на гостите, Ајзеа Томас во еден момент замина на трибините и реши да им одржи лекција на двајца навивачи кои го навредуваа додека изведуваше слободни фрлања.

„Го промашив првото слободно фрлање, а го погодив второто. Знам дека еден од нив ми го покажуваше двата средни прста, а три пати викна „Е*и се ку*во.“ Отидов да му објаснам дека тоа не треба да го прави и дека е непростојно така да зборува и да покажува така, затоа што првично е дојден да биде навивач. Неговиот одоговор беше: „Извини, сакав само да добиеме сладолед.“ Претпоставувам дека ако гостинскиот играч ги промаши двете слободни фрлања, цела сала добива бесплатен сладолед или така нешто. Навивачите смеат да им викаат на играчите што сакаат, но немој никогаш повеќе да ме нарекуваш така како што ми рече. Имам семејство, имам деца и тоа не е во ред“, ја прераскажа целата ситуација и разговорот, Томас.

На крајот Филаделфија победи со 125:108, двајцата непристојни навивачи беа исфрлени од салата, но и Томас доби исклучување, затоа што се качи на трибината меѓу навивачите.

https://twitter.com/i/status/1208574243417600001

- Оглас -

Најнови вести