На седум месеци пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, беше свечено отворено новиот олимписки стадион во главниот град на Јапонија. На овој стадион ќе се одржи свеченото отворање и атлетските натпревари. Изградбата чинеше 1,44 милијарди долари.
Настанот на пуштањето во употреба беше наречено „Поздрав, наш стадиону“, а на трибините се собраа 59.500 луѓе. На тартанот се собраа многу познати атлетичари, меѓу кои најголема ѕвезда беше Јусеин Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри.
Легендата Болт кој има 33 години и веќе две години не се натпреварува активно, ја испроба патеката во Токио, и рече дека сè го болело после ова трчање.
Well I can’t say I didn’t run in the Tokyo Olympic Stadium #OneRace #Tokyo2020 pic.twitter.com/AClQHEiZai
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) December 21, 2019