Зубчиќ ќе настрадаше пред целта, па сочно го опцу натрапникот (Видео)

На хрватскиот скијач Филип Зубчиќ му се случи нешто што ретко се гледа на организирани трки од Светскиот куп во алпско скијање, откако денеска пред целта на неговото второ возење на велеслаломот, му се испречи човек кој се најде на средината, каде што требаше да помине Зубчиќ со брзина од околу 70 километри на час.

Зубчиќ избегна судар и можеби загуби некоја стотинка, но барем не се случи некоја трагедија.

Првата реакција на Хрватот беше шок, а веднаш потоа употреби и серија добро познати пцовки наменети за вработениот на патеката. Зубчиќ заврши на десетто место и ја одби понудата да вози уште еднаш, бидејќи патеката беше оштетена.

Видете го моментот и слушнете што му изнакажа Зубчиќ на човекот со кој ќе се удреше:

https://twitter.com/i/status/1208729973764378624

 

- Оглас -

Најнови вести