Неспортскиот потег на Сон му нанесе невидени главоболки на Мурињо (видео)

Како да не е доволно што Тотенхем губи со 0-2 по повеќе од еден час игра против градскиот ривал Челзи. Ѕвездата на Петлите Сон го остави тимот на цедило откако заработи директен црвен картон по непромислениот потег.

Кореецот во дуел со Рудигер да се освои посед на топката, при падот на земја се обиде со долниот дел од копачките да го повреди германскиот стопер. Од ВАР-собата веднаш реагираа дека се работи за потенцијална ситуација за црвен картон, па по консултациите со судијата Мартин Тејлор, Сон замина на рано туширање во соблекувалната.

https://streamable.com/10yvl

- Оглас -

Најнови вести