За сè има првпат: Голден стејт нареди две победи (видео)

За првпат во оваа сезона избраниците на Стив Кер успеаја да слават на два меча по ред. Во Сан Франциско падна тимот на Минесота тимбервулвс со 113:104 во корист на Голден стејт. Актуелниот вицепрвак на тој начин ја запиша само седмата победа по 31 одигран натпревар.

Иако Голден стејт од самиот почеток го контролираше резултатот и беше речиси јасно дека по предноста од 24 поени кон крајот на третиот период домаќините ќе слават нов триумф, Минесота успеа да ја врати неизвесноста, па во еден момент ја стопија разликата само на пет поени. Меѓутоа тоа не беше доволно, па Волците мораа да се помират со 11-тиот последователен пораз.

Расел со 30 поени ги предводеше Воините и Буркс со 25 поени придонесе за новиот триумф, додека Вигинс на другата страна беше најрасположен со 22 поени.

Останати резултати од НБА-лигата:

Кливленд кавалирс – Атланта хокс 121:118, Индијана пејсерс –  Торонто репторс 120:115, Детроит пистонс – Филаделфија сиксерс 109:125, Њујорк никс – Вашингтон визардс 115:121, Орландо меџик – Чикаго булс 103:95, Мајами хит – Јута џез 107:104, Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс 115:145, Феникс санс – Денвер нагетс 111:113, Портланд трејлблејзерс – Њу Орлеанс пеликанс 94:102, Сакраменто кингс – Хјустон рокитс 104:113.

- Оглас -

Најнови вести