Здравко М. од Неготино и натаму е лидер на табелата во акцијата НАВИВАМЕ ЗАЕДНО, која со помош на Sport Life може да ве однесе на Европското првенство во ракомет за мажи кое се игра во јануари. Најдобрите тројца обложувачи ќе ја добијат главната награда.
Навиваме заедно може да ве однесе на трибините на Европското ракометно првенство во Виена и да навивате за репрезентацијата на Македонија. Играта почна на 29 ноември и ќе трае до 26 декември, додека во игра влегуваат тикетите кои ќе бидат обработени заклучно со 27 декември. На два дена до крајот на акцијата, Здравко тешко ќе биде симнат од првите три позиции, но до последен момент нема ништо да се знае и можни се пресврти.
Моментно на првите три позиции се: Здравко М., кој на мечевите од ЛШ погоди и фати квота од 8.177, Сашо Б. со погоден коефициент од 4609,78, додека има промени на третата позиција, на која сега стои Зендељ И. со погоден коефициент 4.373,3. Акцијата важи за тикети со една комбинација, тикети во живо и микс тикети уплатени со приложена Sport Life клуб-картичка.
Правилата за учество се едноставни. Тикетот треба да биде уплатен со Sport Life картичка, а тројцата кои ќе ги имаат најголемите погодени коефициенти ќе добијат три пакет-аранжмани за две лица за ЕП. Во пакетот влегуваат автобуски превоз, сместување во хотел со 3 * со појадок (4 ноќевања), обезбедени влезници за трите натпревари од групната фаза на Македонија.