Во светот се игра само еден ракометен меч, а во него Македонија

Подмладениот македонски национален тим во ракомет вечерва, од 19 часот, во српскиот град Стара Пазова треба да одигра контролен натпревар против селекцијата на Кувајт, а истите тимови ќе си ги одмерат силите и утре. Денеска низ светот се игра само еден ракометен меч, и тоа овој пријателскиот на кој ќе заиграат избраниците на селекторот Данило Брестовац.

Според квотите во Sport Life, Македонија е голем фаворит против Кувајт, иако на турнејата во Србија и Романија не отпатуваа најискусните чие место во составот за настап на Европското првенство е загарантирано.

Двете контроли со Кувајт, потоа и Трофејот Карпати во Романија, кој се игра викендов, ќе бидат своевидени кастинг. Брестовац на овие четири меча треба да пресече кои од овие помлади ракометари ќе ги земе на ЕП. На еврошампионатот, првиот меч Македонија го игра на 10 јануари против Украина, два дена подоцна со Чешка, а на 14 јануари со Австрија.

- Оглас -

Најнови вести