Прогнозирајте го ова коло, па следува новогодишна пауза на Спортска прогноза

Минатото коло на Спортска прогноза беше многу возбудливо и малку недостасуваше да биде освоен мобилниот телефон iPhone XS. Затоа и не треба да се пропушти ниту едно коло на оваа бесплатна игра на Sport Life обложувалниците. Единствениот услов за да се биде дел од играта е да се има Sport Life картичка.

Последното коло за 2019 година е навистина специјално бидејќи на понудата се само средби од Англија, плус шкотското Олд Фирм дерби меѓу Селтик и Глазгов ренџерс. По традиција, во Англија токму за новогодишните и божиќните празници е „жешко“ и има голем број натпревари.

Со ова коло завршува и есенскиот дел од Спортска прогноза. За првиот викенд од 2020 година, односно на 4 и 5 јануари ќе следува пауза, а возбудувањата со Спортска ќе продолжат за колото кое треба да се игра на 11 и 12 јануари.

Не чекајте и покажете колку добро го познавате англискиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести