Ембид го омаловажи најкорисниот играч, Сиксерс ги „одраа“ Елените

Филаделфија севентисиксерс го потврди најдобриот старт на франшизата по две децении, за 23-тата овосезонска победа го совладаа најефикасниот тим на Истокот, Милвоки бакс со убедливи 121:109. Сиксерси во новиот триумф поставија рекорд за најмногу постигнати тројки на католички Божиќ, реализираа вкупно 21, а дури 17 погодија пред стартот на последната делница.

Лидер на Филаделфија беше кој друг, ако не Џоел Ембид. Одличниот центар приреди вистинско шоу и веќе по три четвртини имаше дабл-дабл учинок, а воедно и неговиот тим стигна до границата од 100 поени пред влезот во последните 12 минути.

Ембид му беше како трн во око на Јанис Адетокумбо, најкорисниот играч во Лигата за минатата сезона. Преку негова рака погоди неколку тројки, а воедно одлично го спречи во одбраната. Средбата ја заврши со 31 поен и 11 скока, Херис додаде 22 поени. За Милвоки најефиксен беше Мидлтон со 31 поен, додека Адетокумбо запиша скромни 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести