Се наближува шестгодишнината од страшната несреќа во која Михаел Шумахер се здоби со трајни повреди. Легендарниот седумкратен светски првак во Формула 1 додека скијаше, падна и со главата удри директно во карпите покрај патеката.
Од падот, тој се здоби со трајни повреди. Лекарите едвај му го спасија животот, а по повредата речиси и да немаше никакви информации за неговата здравствена состојба, освен за тоа дека одреден период беше во кома, а потоа се разбудил.
Шпекулации постојат многу, но официјално никој не знае каква е ситуацијата со Шумахер. Непосредно пред годишнината од несреќата, неговата жена Корина реши да испрати порака.
„Големите работи започнуваат со мали чекори. Малите парчиња може да создадат голем мозаик“, напишала Корина на еден социјална мрежа во затворена група.
Оваа порака многумина ја толкуваат како порака од Корина за состојбата во која се наоѓа Михаел Шумахер и дека тој добро закрепнува. Сепак, уште нема никакви официјални информации за здравствената состојба на еден од најдобрите возачи на Формула 1 на сите времиња.