Чудна приказна – Го одби Баерн само за да не го фрли во сенка братот

Интересна приказна има поранешниот голман на Челзи, Роб Грин, а се однесува на ѕвездата на белгиската репрезентација и фудбалер на Реал Мадрид, Еден Азар.

Според Грин, Азар одбил примамлива понуда од Баерн Минхен само заради братот Торган, кој е член на Борусија Дортмунд.

„Нема да играм во Германија бидејќи брат ми Торган игра во Бундеслигата. Ако пристигнам, стравувам дека ќе се случи да не именуваат Еден Азар и брат му. Сега Торган си има изградено и име и одлична кариера“, ги раскажува Грин зборовите на Еден Азар.

За многумина тоа е прекрасен гест, а Еден Азар немаше проблем со понудите, па потпиша за Реал Мадрид во трансфер од Челзи вреден 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести