Славната американска скијачка Линдзи Вон за божиќната ноќ го запроси своето момче Пи Кеј Субан. Двајцата вчера ја прославија двегодишнината од нивната врска, а Вон наместо да чека џентлемнски потег од Субан, самата одлучила да го запроси, на што овој одговорил позитивно.
Американката преку „Твитер“ се пофали дека запросувањето било успешно со хокеарот на Њу Џерси девилс, а воедно истакна дека не секогаш жените треба да чекаат да бидат запросени.
„Среќен Божиќ и среќни празници на сите. За нашата двегодишнина на нетрадиционален начин го запросив Пи Кеј и тој кажа ’да’. Не секогаш жените се тие кои треба да добијат веренички прстен“, напиша Вон на нејзиниот профил.
Merry Christmas and happy holidays everyone!! On our 2 year anniversary, in a “non traditional” move, I asked PK to marry me and he said, Yes ☺️! Women aren’t the only ones who should get engagement rings! #MerryChristmas #equality pic.twitter.com/hhdm85RoWi
— lindsey vonn (@lindseyvonn) December 25, 2019