Златан Ибрахимовиќ ќе потпише за Пескара, беше шеговитата објава пред некое време која ја објави овој клуб од италијанската Серија Б, а откако вечерва стана јасно дека Ибра се сели во Милан, од Пескара објавија монтажа од фотографија на Златан во нивен дрес и му се заблагодарија за тоа што „го направил“ за нив.
Ибрахимовиќ донел одлука по седум години повторно да го облече дресот на Милан и можеби уште утре и официјално ќе стане член на Росонерите од Милано. Додека траеше сагата околу него, од Пескара се шегуваа дека Швеѓанецот ќе потпише за нив.
Сега повторно се огласија и му се заблагодарија.