Сензационалниот погодок со кој Ганецот Џордан Ају му донесе победа на Кристал палас против Вест хем ќе остане запаметен уште долги години, смета тренерот на Палас, легендарниот Рој Хоџсон. Ају си поигра со одбраната на Чеканите околу линијата на 16-никот, а потоа мајсторски и мирно го лобуваше голманот Роберто за победа и три бода.
„Фантастично. Со тоа што го намести првиот гол, мислев дека Џордан добро си ја заврши работата. Но, вториот гол е потег кој ќе остане долго во меморијата и ќе се прикажува на телевизиите“, изјави Хоџсон.
Here's a gif, so you can watch on loop forever. #CPFC pic.twitter.com/FkYgeEo1SG
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) December 26, 2019
Еве го голот и од друг агол:
There are simply no words. Just enjoy. #CPFC pic.twitter.com/f9MP05fxWo
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) December 26, 2019