ВАР-от е смешка во Англија – Патрисио двапати му одбрани пенал на Стерлинг, но Сити води на „Молињу“ (видео)

Рахим Стерлинг дури од трет обид го совлада Руи Патрисио и му донесе предност на Манчестер сити од 1:0 против Вулверхемптон, а уште еднаш се потврди дека начинот на кој се практикува ВАР системот во Англија е смешен.

Имаше чист пенал по стартот на Дендонкер над Ријад Марез, но судијата Мартин Аткинсон одлучи да чека одлука од ВАР собата. Во Англија главниот судија нема право сам да го гледа спорниот момент, а доби инструкција да досуди удар од белата точка.

Рахим Стерлинг во прв обид не успеа да го совлада Руи Патрисио, но доби втора шанса, бидејќи неколку играче предвреме влетаа во канзениот простор.

https://twitter.com/D9INE_PREMIER/status/1210654847826948096?s=20

И пак промаши, односно голманот на Волците му одбрани и вторпат, но Стерлинг имаше среќа и одбиената топка ја смести зад грбот на Патрисио.

https://twitter.com/Livestream_10/status/1210655393161940992?s=20

- Оглас -

Најнови вести