Со голот на Антони Марсијал во финишот на првото полувреме Манчестер јунајтед го победи Барнли со 2:0 и му ја продолжи голготата во меѓусебните дуели.
Барнли нема победа против „црвените ѓаволи“ од 2009 година, па маките против најтрофејниот англиски клуб продолжуваат и заокружија една десетолетка.
Марсијал беше првиот стрелец на мечот, а на голот од 44. минута му претходеше голема грешка на Чарли Тејлор. Бекот на Барнли загуби топка на својата половина, а Переира одлично му асистираше на францускиот интеранционалец, кој рутински погоди за гостите.
Печат стави Маркус Рашфорд со погодок во финишот на мечот, а Јунајтед заслужено ги освои бодовите.
Манчестер јунајтед со 31 бод од 20 натпревари стаса до петтото место, а Барнли е на 13. позиција со 24 бода.