Машката ракометна репрезентација на Македонија од 17.15 часот, во салата на Динамо Букурешт ќе игра против Романија во финалето на турнирот „Трофеј Карпати“, и со тоа ги завршува подготовките за настап на Европското првенство.
Денешниот меч ќе биде последен од четирите на мини-турнејата во Србија и Романија, и претставува последна шанса за некои ракометари да се наметнат кај селекторот Данило Брестовац. Можеби после победата над Алжир, на Брестовац му се расчистија некои од дилемите, но денеска е последниот тест, па утре Брестовац ќе каже на кои од младите смета за ЕП.
Најавено е дека пренос од финалето ќе има на државната романска телевизија, па веројатно затоа ќе нема интернет пренос. Според квотите во Sport Life, Романија е фаворит.