Претседателот на женскиот кошаркарски клуб Арад, Марсел Урбан бил во љубовна врска со две кошаркарки, а човекот што ја открива аферата од 2017 година е тренерот на клубот во тој период.
Американецот Стејси Нолан одлучи да не молчи и да ја открие големата афера, како што пишуваат романските медиуми.
„Марсел е нечесен човек и долго со притисок ме спречуваше да ја кажам вистината. Неговата врска со Бранкица Хаџовиќ ја наруши атмосферата. Потоа им се приклучи и Адела во љубовниот триаголник што јас не можев да го прифатам и одобрам, па се обидуваа да ме сменат“, открива Нолан.
Романските медиуми го открија идентитетот и на втората кошаркарка која била љубовница на газдата на Арад. Се работи за Адела Мерсеа.
Ова е втор голем скандал во Романија, по допинг аферата во ракометниот клуб Корона Брашов, каде членка е и нашата интеранционалка Наташа Нолевска.