Јувентус влезе во трка за купување на Дејан Кулушевски

Некогашниот македонски младински репрезентативец Дејан Кулушевски е цел на најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Кулушевски е еден од оние играчи кои блесна сезонава и повеќе европски клубови се заинтересираа да го доведат фудбалерот кој го носи дресот на Парма.

Кулушевски игра во Парма, но како позајмен играч додека правата од неговиот договор ги има Аталанта. Тимот од Бергамо најави дека не планира да го продаде фудбалерот за помалку од 50 милиони евра. Тинејџерот кој играше за младинските селекции на Македонија, подоцна реши да го прифати повикот од Шведска и да го носи дресот на земјата во која е роден, а не од земјата од која потекнува.

Напаѓачот кој има само 19 години сезонава во 17 меча постигна четири гола, имаше и седум асистенции, а беше прогласен и за најдобар играч во Серија А за декември.

Освен Јувентус, за Кулушевски се интересираат и Наполи, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи и Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести