Холанѓанецот Мајкл ван Гервен и Шкотот Питер Рајт се финалисти на Светското првенство во пикадо кое се одржува во театарот „Александра палас“ во Лондон. Финалето во „Али Пали“ е закажано за утревечер, а на победникот можете и да заработите доколку уплатите во обложувалниците Sport Life.
Ван Гервен, кој има 30 години, е бранител на титулата и прв носител. Ја брка својата четврта титула. Ако игра најдобро што знае, нема шанса да го победите, сметаат аналитичарите. Ван Гервен е љубител на фудбалот, навива за ПСВ Ајндховен и често го гледаат на трибини на фудбалски мечеви во Германија и Холандија.
Рајт е познат губитник, 49-годишникот има загубено 12 од 13-те финалиња на големите турнири, а во 2014 загуби во финале на СП токму од Ван Гервен. Тој се надева дека конечно ќе го разбие малерот, но нема да биде лесно.
Рајт, кој има прекар „Змиски залак“, поради тетоважата на главата на која има слика од змија со широко отворена уста, никогаш не се појавува двапати со иста боја на коса и миленик е на публиката.